SportM
Фудбал

Миралем Пјаниќ веќе знае каде ќе игра следната сезона

Д М11 фев 2022
Миралем Пјаниќ веќе знае каде ќе игра следната сезона

Играчот за врска Миралем Пјаниќ (31) оваа сезона беше позајмен од Барселона во Бешикташ.

31-годишниот играч за врска имаше добар старт во Турција, по што следеше блага криза проследена со лоша игра на актуелниот шампион во Суперлигата.

Сепак, навивачите и раководството на Бешикташ се презадоволни од она што покажува фудбалерот, а сигурно е дека Миралем и следната сезона ќе продолжи да настапува за клубот од Истанбул.

Новинарот на Мундо Депортива Габриел Санс донесе информации за играчите на Барселона кои се на позајмица во Турција.

„Миралем Пјаниќ ќе остане во Бешикташ. Исто така, Галатасарај сака да ја продолжи позајмицата на Инаки Пена на уште една сезона“, изјави Санс.

Оваа сезона Пјаниќ одигра 22 натпревари во сите натпреварувања за Бешикташ и забележа четири асистенции.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.