„Мислевме дека сме кралеви, но во реалноста сме питачи“

Шпанија второ Светско првенство во низа заврши во осминафиналето.
Пред четири години беа исфрлени од Русија, а сега Мароко напредуваше по подоброто изведување пенали.
Весникот „Ас“ сликовито го опиша учеството на Шпанците на СП во Катар.
„Збогум на Светското првенство! Исто како и пред четири години, го имаме истото чувство да удираме во ѕид. Шпанија беше елиминирана од Мароко, а Мундијалот го напушта со само една победа (7:0 против Костарика) која не убеди дека сме кралеви, а всушност сме питачи.
„Резултатот не ми е важен“, изјави Луис Енрике пред натпреварот. Сега тоа звучи како епитаф. Мароко испиша историја и за прв пат се пласираше во четвртфиналето. Шпанија, пак, Шпанија од илјада пасови, мораше да се крие во ќош и да размислува за се, се наведува во анализата.



