SportM
Фудбал

Многумина го отпишаа Виљареал пред реваншот со Ливерпул, но сепак Унаи Емери верува во чудо

Д М2 мај 2022
Многумина го отпишаа Виљареал пред реваншот со Ливерпул, но сепак Унаи Емери верува во чудо

Мали шанси му се даваат на Виљареал пред реваншот против Ливерпул, но шпанскиот стручњак верува во чуда.

Виљареал беше поразен со 2-0 на „Енфилд“ во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а утре (вторник) вечер на својот стадион го пречекува англискиот великан.

 

Многумина веќе ги прогласија „црвените“ за финалист, но се чини дека Емери сепак верува во својот тим.

 

“Ни претстои историски момент. Нашите момци се многу горди. Игравме добро дома. Се надевам дека ќе одиграме најдобро оваа сезона пред нашите навивачи и ќе продолжиме понатаму”, изјави Емери.

 

Виљареал на патот до полуфиналето ги исфрли Јувентус и Баерн, па Ливерпул мора да биде внимателен пред овој дуел. Навистина, Англичаните имаат добра предност во однос на утрешниот меч, но не треба да се потцени Жолтата подморница.

 

За ова е свесен и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој инсистира неговиот тим да не ги повторува грешките на Јувентус и Баерн и дека мора да биде фокусиран до крајот.

 

„Многу сме мотивирани да играме полуфинале во Лигата на шампионите на домашен терен. Сакаме да уживаме во овој момент со нашите навивачи“, додаде Емери, кој важи за специјалист за натпреварите од нокаут фазата, како што е прикажано на клупата на Севиља со која тој ја освои Лига Европа.

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.