SportM
Фудбал

Многумина не веруваа, но Лука Јовиќ доаѓа во Милан!

Д М1 сеп 2023
Многумина не веруваа, но Лука Јовиќ доаѓа во Милан!

Она што донекаде срамежливо се најавуваше во претходните недели треба да се официјализира вечерва.

Италијанските медиуми попладнево пренесуваат дека Лука Јовиќ до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Милан!

Тој денеска ја напушти Фиренца и замина во Милано каде вечерва треба да биде потпишан договорот.

Српскиот репрезентативен напаѓач во декември ќе наполни 26 години, а интернационалната кариера ја започна како деветнаесетгодишник, кога од Црвена звезда премина во Бенфика, преку кипарски Аполон.

Во летото 2017 година замина на позајмица во германски Ајнтрахт каде одлично се снајде и таму остана две години, по што го оствари трансферот од соништата – најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид плати 60 милиони на Ајнтрахт за него во летото 2019 година.

Но, беше тешко да се наметне во таков гигант, па прво се врати на позајмица во Ајнтрахт, а минатото лето се пресели во Фиорентина, каде исто така не импресионираше.

Во актуелниот преоден рок како еден од заинтересираните клубови се споменуваше и Олимпијакос, се чинеше дека тоа е пореална опција од Милан, но како што сега стојат работите, Јовиќ во своето CV ќе додаде и настапи во друг од најголемите европски клубови.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.