SportM
Фудбал

Модриќ го очекува уште едно големо признание

Д М17 мај 2022
Модриќ го очекува уште едно големо признание

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ќе добие уште едно големо признание во својата богата фудбалска кариера.

Најголемиот шпански спортски весник „Марка“ утре на играчот од средниот ред на Реал ќе му ја додели титулата „Легенда на Марка“, престижна награда во светот на спортот.

За наградата доволно говори и податокот што Марка ја доделува споменатата титула на најзаслужните спортисти во светот поради нивниот придонес.

Така, ова признание го добија: Мајкл Џордан, Ники Лауда, Мухамед Али, Усаин Болт, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Рафаел Надал, Пеле, Фернандо Алонсо, Пау Гасол …

Лука Модриќ освои се што може да се освои со Реал, тој беше освојувач и на Златната топка, а со хрватската репрезентација во 2018 година стана светски вицешампион на Светското првенство во Русија.

Тој на крајот на месецот во Париз ќе има можност со мадридскиот клуб да ја освои петтата ЛШ каде го очекува финалниот натпревар од оваа сезона во Лигата на шампионите против Ливерпул, кој ќе биде реприза на финалето во 2018 година кога Реал победи со 3:1 во финалето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.