SportM
Фудбал

Модриќ го продолжи договорот, Анчелоти најави нови потписи

Д М2 јан 2022
Модриќ го продолжи договорот, Анчелоти најави нови потписи

Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ е блиску до продолжување на договорот со Реал Мадрид, потврди тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти.

На искусниот играч (36) соработката му истекува на крајот од сезоната. Преговорите за потпишување на нов се успешно завршени, па се чека само официјализирање.

„Не мислам дека само Модриќ ќе го продолжи договорот. Очекувам дека сите играчи на кои им истекува договорот ќе разговараат со клубот и ќе ја донесат најдобрата одлука за сите“, изјави Анчелоти.

Засега останува нејасно колку ќе трае новиот договор. Имајќи предвид дека задарчанецот влезе во 37-та година од животот, не треба да се очекува повеќегодишен потпис.

Модриќ е член на Реал Мадрид од 2012. Беше еден од најважните играчи во сите трофеи. Досега има одиграно вкупно 409 натпревари, со 28 гола и 66 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.