Модриќ ја решава иднината, дали го напушта Реал?
Д М31 окт 2019

Лук Модриќ може да го напушти Реал Мадрид во јануари, доколку стигне понуда од 10 милиони евра на адресата на „Лос Бланкос“ за хрватската sвезда.
34-годишниот играч повеќе не е омилен играч на Зинедин Зидан, кој оваа сезона му дава простор на младиот Валверде.
Седењето на клупата го натера Модриќ сериозно да размисли да си замине, а тоа ќе го побара во јануари.
„Калчомеркато“ пренесува дека Реал Мадрид би прифатил понуда од 10 милиони евра за 34-годишникот.
Иднината на Модриќ може да биде во Серија А, каде што е посакуван од Милан и од Интер.
Победникот на „Балон дор“ беше баран од Интер во летото 2018 година, но Флорентино Перез одби да го продаде.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



