SportM
Фудбал

Модриќ на лето е слободен, а сега доби неочекуван повик

Д М18 дек 2020
Модриќ на лето е слободен, а сега доби неочекуван повик

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на лето.

Модриќ игра одлично и неговите години не се проблем, а сега се појавија информации дека може да се врати во Англија.

Наводно, Лук добил повик од Жозе Мурињо да се врати во Тотенхем.

Така барем тврди шпанскиот новинар Едуардо Инда.

“Мурињо му се јави на Лука и го праша дали ќе се врати во тимот во кој играше одлично пред Реал. Португалецот знае дека ќе биде комплицирано, и тој е свесен за зборовите на Хрватот кој порано рече дека сака да ја заврши кариерата во Реал”, пренесува Ел ТВ Чирнгито.

Познато е дека Мурињо многу го цени Модриќ и дека Хрватот би бил одлично засилување за Спарс.

Останува да видиме дали трансферот ќе се случи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.