Connect with us

Фудбал

„Модриќ наскоро ќе потпише“

Лука Модриќ останува во Реал Мадрид.

Договорот на Модриќ истекува на крајот од сезоната, но јасно е дека Кралевите сакаат да го задржат по секоја цена.

Познатиот новинар Фабрицио Романо тврди дека се е договорено и дека Модриќ ќе го потпише договорот до јуни 2023 година.

„Тоа може да се случи. Модриќ потпишува нов договор до 2023 година. Се работи само за завршни средби и документација“, напиша добро упатениот Романо.

Модриќ наскоро ќе наполни 37 години, а во Реал пристигна од Тотенхем во 2017 година.

Освои дури 17 трофеи и стана клупска легенда.

Тој додаде три гола и девет асистенции во 38 натпревари оваа сезона.

Реклама

Facebook