Модриќ не е на трансфер листата на Реал

Шпански „АС“ денес објави дека хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ е на трансфер-листата на Реал Мадрид.
Тие рекоа дека се работи за кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус и дека имаат намера да продаваат повеќе фудбалери во Реал.
Сепак, негирањето дојде брзо од еден од официјалните лица на клубот.
„Секој што го познава претседателот Флорентино Перез барем знае дека ова се апсолутно погрешни информации во оваа глобална криза“.
„АС“ изјави дека покрај Модриќ, на трансфер-листата се наоѓаат и Хамес, Бејл, Васгуез и Маријано Диаз. Во истиот текст се наведува дека Модриќ и Марсело се слободни да одлучуваат за својата судбина во редовите на кралевите.
Договорот на Модриќ важи до летото 2021 година.
Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година. Тој е со договор до летото следната сезона, а досега има одиграно 333 натпревари и има постигнато 22 гола.



