Модриќ: Светот ни оддава голема почит

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ на Инстаграм објави интересна порака по поразот во полуфиналето од Аргентина.
Беше најдобар играч на последното Светско првенство. А по поразот од Аргентина во полуфиналето, Лука Модриќ ќе има можност да ја одведе Хрватска до нов медал како капитен, во борбата за третото место.
– Светот ни оддава голема почит по поразот. Нашите фанови се горди на фактот што сме меѓу четирите најдобри во светот. Како во Русија 2018, така и сега во Катар, јас сум горд капитен на репрезентацијата која уште еднаш ја покажа силата, заедништвото, храброста и карактерот на борците за нашата Хрватска! Тоа се вредности кои не можат да се променат кога е тешко. Тогаш тие се уште поважни! Во сабота гордо продолжуваме по тој пат! Хрватска пред се – напиша Модриќ на Инстаграм.
Покрај среброто во Русија, Хрватска освои и бронза во Франција во 1998 година на светското првенство.



