Модриќ: Тежок натпревар на митскиот стадион; Анчелоти: Подготвени сме

Фото: Luka Modric Real, APRIL 18, 2021 – Football / Soccer : Spanish La Liga Santander match between Getafe CF 0-0 Real Madrid CF at the Coliseum Alfonso Perez in Getafe, Spain. PUBLICATIONxNOTxINxJPN 158618055
Пред првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите во кој Реал ќе му гостува на Ливерпул, на прес-конференцијата пред новинарите беа Карло Анчелоти и Лука Модриќ.
„Очекуваме тежок натпревар на митски, историски стадион пред неверојатни навивачи кои ќе навиваат за својот тим. Но, и претходно имавме успех овде, па се надевам дека ќе успееме да го повториме тоа во вторник навечер“, рече Лука Модриќ на почетокот на конференцијата.
„Се подготвуваме како и секогаш. Ги гледаме натпреварите, испитуваме како игра противникот, но најмногу ги знаеме сите играчи од претходно. Тие се многу добри и добро познати играчи, ние сме играле против нив и порано и кога знаете што да очекувате, знаете што сакаат, а што не сакаат да прават и тоа ве прави смирен“, додаде тој.
Хрватскиот репрезентативец проговори за својата форма:
„Се опоравувам од Светското првенство. Можеби згрешив што не направив пауза, можеби требаше да одморам барем десет дена или две недели. Но, кога тренерот ќе ве замоли да играте, мислите дека можете да играте. Сега се чувствувам добро“.
Модриќ изјави и дека се надева на продолжување на договорот со Реал, но дека не го вознемирува тоа што се уште не се случило:
„Тука сум 11 години, мора да бидеш на највисоко ниво за да играш за Реал Мадрид.
По Модриќ, на новинарските прашања одговараше и Карло Анчелоти.
„Повторно сме тука, се чувствуваме добро и полни сме со надеж. Спремни сме, навистина, исто како и минатата година. Знаеме дека ќе биде тешко, не само овде, мора да одиграме добро и во реваншот. Имаме убави спомени од минатогодишното финале. Беше изедначена игра. Би се согласил со Клоп, тие можеби имаа поголем посед, но ние бевме солидни на грбот. И ако сте четворица во одбраната против Ливерпул, можете да го постигнете она кон што се стремите. Меѓутоа, сега ова е малку поинаку. Тоа не е само една игра. Мора да се подготвите за борба која ќе трае 180 минути“, изјави Анчелоти.
„Квалитетот на Ливерпул не е променет. Очекуваме интензивна игра, знаеме дека ќе бидеме под голем притисок и дека нема да има време да здивнеме. Многу добро знаеме што да очекуваме и подготвени сме. Би сакал Ливерпул да се грижи за Реал, а не ние премногу да се грижиме за нив“, заклучи Анчелоти.
Натпреварот на „Енфилд“ во вторник започнува во 21 часот.



