SportM
Фудбал

Молба од Јувентус: Роналдо, не постигнувај гол против нас

Д М5 окт 2021
Молба од Јувентус: Роналдо, не постигнувај гол против нас

Лапо Елкан, братучед на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, вели дека побарал услуга од својот пријател Кристијано Роналдо кога Португалецот се преселил во Манчестер Јунајтед.

Елкан е близок со првиот човек на Јувентус и е еден од наследниците на семејството Ањели, но тој нема официјална улога во клубот. Тој за италијанските медиуми изјави за славниот Португалец, кој летово го напушти Јуве и се врати во Манчестер Јунајтед.

„Кристијано Роналдо е мој пријател, ја чувам мојата наклоност и почит кон него. Сигурно има жалење што замина, но нашето пријателство останува непроменето“, рече Лапо Елкан за Скај Спорт Италија и додаде:

„Му испраќам голема прегратка, се надевам дека ќе биде добар за Манчестер Јунајтед, но од него барам само една услуга: не давај гол против Јувентус !

Двата тима се во Лигата на шампионите, но во различни групи, Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед се во групата со Аталанта, со која го играат следниот натпревар, додека Јуве е во групата со европскиот првак Челзи кога го доби последниот дуел со 1:0.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.