SportM
Фудбал

Моментот кога навивачот на Келн падна од пет метри ја замрзнува крвта во вените (ВИДЕО)

Д М8 сеп 2022
Моментот кога навивачот на Келн падна од пет метри ја замрзнува крвта во вените (ВИДЕО)

Натпреварот кој требаше да се одигра во 18:45 часот меѓу Ница и Келн е одложен, а прашање е дали воопшто ќе се игра.

 

Причина за одложувањето е голем навивачки конфликт кој се случи на трибините пред почетокот на натпреварот.

 

Блетале ракети на сите страни, но не завршило тука. Навивачите влегоа во директен конфликт, а обезбедувањето мораше да реагира.

 

Најлошиот дел го однел навивач на Келн кој паднал од една на друга платформа и се здобил со повреди опасни по живот.

 

Според француските медиуми, тој бил прободен со нож во ногата, поради што се тетерал, а на крајот паднал од висина од пет метри.

 

Навистина ужасни сцени на стадионот во Ница, а фудбалот сигурно падна во втор план.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.