Монца се врати во сигурниот дел од табелата!

Во италијанската Серија А викендов се играат натпреварите од 25.коло, а денешната програма започна со натпреварот помеѓу Монца и Емполи.
Домаќините победија со 2:1 и се пласираа на деветтото место на табелата со 32 освоени бода, а Емполи ја продолжи се подолгата серија без победа, па се уште е на 28 бода, на 13. место на табелата.
Патрик Чиурија ја доведе Монца во водство во 19. минута од средбата и тој гол го одбележа првото полувреме, а по шест минути игра во продолжение, Сатриано израмни за Емполи.
Моментот на одлука се случи во 67. минута од натпреварот, кога Армандо Ико ги постави конечните 2:1 за Монца по центаршутот на Капрари од корнер.
Гостите се обидуваа барем да израмнат, а нивниот притисок беше особено изразен во финишот од натпреварот.
Марин имаше одлична можност на стартот од судиското надополнување, кога од десната страна успеа да се пробие во шеснаесетникот, упати удар, но изнуди само корнер.
Сепак, последната шанса во играта преку Карбони ја имаше Монца буквално во последните секунди од натпреварот, кога истрча одлична контра, но на крајот шутираше непрецизно.



