Поврзи се со нас

Фудбал

Мората ги шокираше сите објавувајќи каде сака да ја заврши кариерата: „Морам да им се оддолжам“

Алваро Мората му се претстави на светот пред неколку години во дресот на Реал Мадрид, а потоа ги изненади сите кога откри дека го поддржува Атлетико.

Откако го напушти Челзи, тој реши да потпише за Атлетико и откри дека е фан на овој клуб уште од дете, иако кариерата ја започна во дресот на лутиот градски ривал Реал.

Мората моментално игра за Јувентус, каде пристигна ова лето. Во интересен разговор за „Марка“, тој го откри и името на клубот каде би сакал да ја заврши кариерата и ги остави сите без текст.

“Секогаш имате тим што го сакате кога сте дете, а тоа беше Атлетико за мене. Не знам дали некогаш повторно ќе играм за тој клуб, но тој секогаш ќе биде во моето срце”, рече Мората и додаде.

“Би сакал да ја завршам кариерата во дресот на Гетафе. Имам добар однос со претседателот и навивачите на тој клуб. Благодарение на нив, станав фудбалерот што сум денес и се надевам дека ќе им се оддолжам за тоа”.

Познато е дека Мората играше за Гетафе како млад и тој се пресели од кадетскиот тим на овој клуб во Реал Мадрид летото 2008 година, но очигледно е дека тој сака да се врати во овој клуб еден ден.

loading...

Facebook