SportM
Фудбал

Мората: Омразата на навивачите е погрешна

Д М10 ное 2021
Мората: Омразата на навивачите е погрешна

Фудбалерот Алваро Мората очајно ја започна сезоната во Јувентус, на кој е обврзан со договор за позајмица до јуни следната година. Поради сето тоа тој е под дополнителен притисок.

„Ние сме под голем притисок. Можеби луѓето повеќе зборуваат за мене затоа што сум на позајмица, но кога судбината не е во ваши раце, единственото нешто што ви преостанува е да ја работите својата работа“, изјави Мората.

Јувентус е на осмото место на табелата, поради што навивачите се особено гневни, а Шпанецот смета дека често се неразумни во барањата и дека не можат да прифатат дека понекогаш не успеваат.

„Знам што се бара од мене. Критиката не ме лути, иако ме вознемирува, но омразата не е исправна. Бев надвор од теренот речиси еден месец и бев решен да се вратам дури и ако не бев доволно подготвен. Работев многу за тимот, играв на крило минатиот натпревар, но најважно е да играм и да ги исполнам барањата на тренерот“.

Мората остатокот од сезоната ќе го мине во Јувентус како позајмен играч на Атлетикo, а во која насока ќе оди неговата кариера останува да се види. Торинскиот клуб очигледно нема намера да го задржи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.