Моријасу селектор на Јапонија до 2026 година

Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација Хаџима Моријасу го продолжи договорот до Светското првенство во 2026 година, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на таа земја.
Моријасу ја предводеше селекцијата на неодамнешното Светско првенство во Катар, каде Јапонија во групната фаза ги совлада Германија и Шпанија, а во осминафиналето беше елиминирана од Хрватска по изведувањето на пенали.
Така тој стана првиот селектор на Јапонија кој ја задржал својата функција по Светското првенство.
„Тоа е работата што најмногу ме исполнува. Тоа е работата што ми дава шанса да се натпреварувам на меѓународната сцена и горд сум што сум Јапонец. Затоа решив да ја прифатам понудата“, рече 54-годишниот стар јапонски тренер.
Моријасу ја презеде функцијата селектор во јули 2018 година.
SAMURAI BLUE(日本代表)監督 森保一氏と契約合意 #jfa #daihyo https://t.co/UwOojbMwIB
— 日本サッカー協会 (@JFA) December 28, 2022



