Може да биде само еден – Меси или Бернардо Силва и тоа на позицијата „осумка“?!

Барселона сака да ги доведе Лионел Меси или Бернардо Силва и јасно е дека нема да може да ги доведе и двата, а интересно е што Чави не гледа ниту еден од нив во самиот напад, туку на позицијата „осумка“?!
Според сигурни информации на каталонските медиуми, Чави Ернандез веќе неколку пати комуницирал со Лео Меси, кој е многу добро упатен во неговите идеи. Чави не сака Меси да игра на крилната позиција, туку во поофанзивниот дел од средниот ред, каде Аргентинецот практично пречесто се враќа во изминатите неколку сезони.
Не е тајна дека Чави и летово сакаше да го доведе Бернардо Силва на таа позиција, на кого гледаше идеален „партнер“ со Педри, но Сити беше упорен во намерата да го задржи.
Меси е легенда на Барса и е слободен, бидејќи му истекува договорот со Пари Сен Жермен, но има 35 години, во јуни полни 36. Бернардо Силва е помлад, но затоа Сити нема намера да го пушти за помалку од 80 милиони евра.
Се на се, Чави ќе се обиде на секој начин да се засили, познато е дека во текот на 2023 година ќе си заминат Пике, Алба, Бускетс, Белерин, најверојатно Мемфис Депај, па засилувањата сепак ќе бидат неопходни.
Барса вечерва се збогува од Лигата на шампионите, напролет повторно ќе ги одмери силите во Лигата на Европа, но ќе се бори и за титулата со оглед на тоа што на Реал Мадрид му останува само бод…



