Фудбал
Можеби насловот е малку чуден, ама така е, Манчестер Јунајтед и официјално обезбеди опстанок во Премиер лигата!

И покрај поразот од Вулвс, Манчестер Јунајтед и официјално обезбеди опстанок во Премиер лигата бидејќи Ипсвич беше поразен од Арсенал, па „црвените ѓаволи“. Со овој пораз на Ипсвич и разликата во табелата, Јунајтед може да продолжат да губат натпревари до крајот на сезоната, па доколку и на сите забележи пораз ќе остане во Премиер лигата. Ипсвич е првиот тим на границата во опасната зона со 21 бод, а Манчестер Јунајтед има 33 бодови. До крајот има уште пет кола, разликата е 17 бодови, па во случај Ипсвич да ги победи сите мечеви, а Јунајтед да ги загуби, сепак Аморим и неговиот тим ќе останат во лигата.
Екипите што ќе испаднат од Премиер лигата се Ипсвич, Лестер и Саутемптон.
Ова секако е катастрофална сезона за „Црвените ѓаволи“, и не сме навикнати да пишуваме вакви текстови за негов опстанок во лигата. Во последните сезони Јунајтед не е тоа што беше, кога порано секогаш се бореше за врвот и шампионската титула.