SportM
Фудбал

„Можете да згрешите при изборот на сопруга, но не смеете да погрешите при изборот на напаѓач и голман“

Д М22 фев 2022
„Можете да згрешите при изборот на сопруга, но не смеете да погрешите при изборот на напаѓач и голман“

Италијанскиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте на интересен начин ја опиша важноста на Уго Лорис и Хари Кејн во лондонскиот тим.

Новинарите го прашаа Конте колку се важни Кејн и Лорис за неговиот тим, а Италијанецот избра интересни зборови, кој очигледно се фокусиран на голманот и напаѓачот.

“Имам добар пријател во Италија кој е и спортски директор. Неговото име е Корвино. Секогаш вели дека тренерите можат да грешат при изборот на сопруга, но не треба да грешат при изборот на напаѓач и голман. Мислам дека неговите зборови се сметаат за соодветни и ова е сигурно еден од најважните совети во фудбалот“, изјави Италијанецот.

Тотенхем на Конте имаше страшна резултатска серија, но пред три дена направи мала сензација победувајќи го Манчестер Сити на „Етихад“, а во следното коло му гостува на Лидс.

Спарс моментално се осми на табелата со 39 бодови, но сигурно ќе се борат за Лигата на шампионите бидејќи моментално имаат дури три натпревари помалку од повеќето ривали.

Конте имаше забележителна кариера како играч и со Јувентус освои се, вклучително и Лигата на шампионите, додека како тренер ја предводеше Старата дама до три титули во италијанскиот шампионат.

Беше и тренер на Челзи во Англија, ја освои Премиер лигата и ФА Купот, а пред да дојде во Тотенхем успеа да го освои Скудетото со Интер и да игра финале во Лига Европа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.