SportM
Фудбал

Му помогна на тимот да го собори Ливерпул, а по натпреварот им покажа среден прст на навивачите на „црвените“

Д М22 окт 2022
Му помогна на тимот да го собори Ливерпул, а по натпреварот им покажа среден прст на навивачите на „црвените“

Ливерпул денеска доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Нотингем Форест (1:0), а по мечот во центарот на вниманието беше голманот на домашната екипа Дин Хендерсон бидејќи им покажа среден прст на навивачите на „црвените“.

„Црвените“ беа апсолутни фаворити на денешниот натпревар против Нотингем откако во последното коло го совладаа Манчестер Сити.

Се очекуваше дека Ливерпул и денеска без поголеми проблеми ќе победи и ќе дојде до три бода, но на крајот Нотингем успеа да ги шокира гостите од Енфилд и на крајот да слави со минимални 1:0.

 

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 55. минута кога Авонији успеа да го постигне единствениот гол на натпреварот за голема победа на домашните.

Ливерпул напаѓаше со сите сили до крајот на мечот и имаше неколку одлични можности, но Хендерсон беше херојот на Нотингем бидејќи на крајот со одличните одбрани ја спаси мрежата и остана 1:0.

Токму Хендерсон беше во центарот на вниманието по натпреварот поради потегот кој не ја возбуди премногу англиската јавност.

По последниот свиреж на судијата, голманот на Нотингем ја прослави победата пред навивачите на Ливерпул, а потоа им покажа среден прст дека камерите снимиле се и очекувано стана главна тема на Островот.

Сепак, поранешниот голман на Манчестер Јунајтед не застана тука, бидејќи потоа отиде кај навивачите на Нотингем, па дури и се качи на трибините за да ја прослави победата со навивачите.

Навивачите на Ливерпул го навредуваа Хендерсон во текот на второто полувреме, но и покрај сето тоа непрофесионално е што тој им покажа среден прст на крајот.

Јасно е дека неговата нетрпеливост кон Ливерпул е исто така доста голема бидејќи тој е дете на Манчестер Јунајтед и штотуку пристигна во Нотингем од „црвените ѓаволи“ на позајмица до крајот на оваа сезона.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.