SportM
Фудбал

Мурињо доби 700 пораки, откри кој беше меѓу првите што му честиташе

Д М22 ное 2019
Мурињо доби 700 пораки, откри кој беше меѓу првите што му честиташе

Жозе Мурињо штотуку го презеде Тотенхем, а признава дека добил бројни пораки по неговиот нов ангажман.

Мурињо беше без работа скоро една година откако го напушти Манчестер Јунајтед, но сега прифати нов предизвик во Лондон, откако Маурисио Почетино беше отпуштен од функцијата.

„Можеби имам можност да се извинам затоа што не одговорив на 500 од нив, на кои не можев да одговорам. Имам 700 пораки на мојот мобилен телефон, но имав време да одговорам само на 200 од нив“, рече Мурињо, додавајќи:

„Но, беше убаво да се види дека толку многу луѓе од мојот последен клуб во Манчестер ми покажаа почит, емпатија и чувство. Навистина беше убаво. Сите овие пораки се посебни за мене. Првиот беше извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд, третиот или четвртиот беше е Ед Вудвард“.

За Мурињо и Вудвард се сметаше дека се во добри односи за време на неговиот престој на „Олд Трафорд“ и веруваат дека тој ќе има сличен однос и со претседателот на „Спарсите“, Даниел Леви.

„Да, мислам дека ќе направиме добро. Тој ми објасни визија за клубот и јас ја прифатив. Ова беше една од најважните причини што ја прифатив оваа работа. Па кога го направив тоа, тоа беше многу добар почеток“, додаде Мурињо.

Дебито на Мурињо на клупата на Тотенхем ќе биде утре со почеток во 13:30 часот во посета на Вест Хем.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.