SportM
Фудбал

Мурињо доби понуда да стане селектор на Португалија

Д М22 дек 2022
Мурињо доби понуда да стане селектор на Португалија

Мурињо има договор со Рома до јуни 2024 година, а претходно ги тренираше Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија. Мурињо во својата тренерска кариера освои 25 клупски трофеи.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо во следните неколку дена ќе одлучи дали ќе ја прифати понудата да стане селектор на португалската фудбалска репрезентација, пренесува „Абола“.

Португалија моментално е без селектор, бидејќи Фернандо Сантош поднесе оставка по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар од репрезентацијата на Мароко.

Португалските медиуми тврдат дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Португалија, Фернандо Гомеш закажал средба со Мурињо, кој моментално е во својата татковина.

Тој во Португалија ќе остане до 26 декември, а состанокот ќе се одржи во следните неколку дена, по што ќе се знае дали Мурињо ќе прифати да биде нов селектор на оваа земја.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.