Мурињо го сака Вилијан во својот тим
Д М25 фев 2020

Португалскиот тренер во Тотенхем сака да работи со бразилскиот фудбалер, со кој работеше во Челзи.
Жозе Мурињо сака повторно да работи со Вилијан.
Британскиот „Дејли стар“ пренесува дека португалскиот селектор го сака офанзивниот играч од средниот ред во Тотенхем за следната сезона.
Мурињо работеше со бразилскиот фудбалер во времето кога го водеше Челзи.
31-годишниот играч има договор со Челзи до крајот на сезоната и страните не постигнале нов договор.
Затоа, Тотенхем има за цел да го преземе Вилијан, кој ќе биде слободен агент од јули.
Јувентус исто така покажа интерес за десничарот, но му се допадна и на Барселона.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



