Мурињо: Голема почит за играчи како Горан Пандев
Д М11 јун 2021

Гранде Пандев на 38 години, за прв пат ќе настапи на ЕУРО.
Мурињо кој го тренираше Пандев во Интер, кога ја освоија Лигата на шампионите и Италија, имаше само пофални зборови за нашиот репрезентативец.
„Не очекувам да има големи изненадувања на ЕП. Според мене Германија, Италија, Франција, Англија, Белгија се на исто ниво. Голема почит за играчи како Горан Пандев. Заедно со него освоивме тројна круна пред десетина години. Сега тој е максимално подготвен на 38 години да игра на едно големо натпреварување“, вели Мурињо.
Македонија на ЕУРО се наоѓа во Груа Ц, заедно со Австрија, Украина и Холандија.
Првиот натпревар е против Австрија на 13.06 во Букурешт.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



