SportM
Фудбал

Мурињо: Ја заслуживме победата, но Вила не заслужи да биде поразена

Д М16 фев 2020
Мурињо: Ја заслуживме победата, но Вила не заслужи да биде поразена

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, зборуваше за „BBC Sport“ по драматичната победа од 3:2 над Астон Вила во последната минута.

„Мислам дека ја заслуживме победата, но исто така мислам дека тие не заслужија да бидат поразени. Вила играше за победа“, рече Португалецот.

„Алдервеирлд? Јас би рекол дека постигнал три гола, по еднаш ја затресе и сопствената и противничката мрежа, а третиот е кога го загуби дуелот со Енгелс“.

„Квалификации за Лигата на шампиони? Не е можност само за нас. Отворен е прозорец за толку многу екипи. Се чини дека е малку оддалечено, но не е премногу далеку. Арсенал, Евертон, Шефилд Јунајтед, Волците .. сите веруваат дека имаат шанси “. 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.