SportM
Фудбал

Мурињо му честиташе на Наполи за освојувањето на Скудетото

Д М28 јан 2023
Мурињо му честиташе на Наполи за освојувањето на Скудетото

Фото: Soccer Football – Serie A – AS Roma v Napoli – Stadio Olimpico, Rome, Italy – October 23, 2022 Napoli coach Luciano Spalletti with AS Roma coach Jose Mourinho before the match REUTERS/Alberto Lingria – UP1EIAN1G7OWG

Наполи во недела ја пречекува Рома во дербито од 20. коло на Серија А, а тренерот на Вучица Жозе Мурињо веќе му ја „додели“ титулата шампион на противникот.

Наполи е лидер во Серија А со 10 бода повеќе од второпласираниот Интер, со натпревар помалку. Додека Рома заостанува 13 бода. Избраниците на Луќан Спалети не победија само на три натпревари во претходните 19 кола и затоа не е надвор од логика изјавата на Мурињо пред големото дерби на југот на Италија.

– Велам Наполи веќе го освои Скудетото и тоа сосема заслужено. Затоа, им честитам. Тие се одличен тим, со одличен тренер. Имаат 10 бода предност, никој не може да ги исплаши. Скудетото е нивно – изјави Мурињо .

Сепак, тоа не значи дека Рома на стадионот Диего Армандо Марадона доаѓа со бело знаме. Тоа не постои во португалскиот јазик.

– Ако ме прашате дали ќе се засолниме од нив, категорично велам „не“, ќе одиме таму по резултат. Но, тоа не го менува фактот дека тие веќе го освоија Скудетото.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.