SportM
Фудбал

Мурињо ни сам не може да го дочека јануари, а потоа почнува вистинско шоу

Д М29 окт 2018
Мурињо ни сам не може да го дочека јануари, а потоа почнува вистинско шоу

Манчестер Јунајтед не е токму она што навивачите сакаат да биде, па клубот е подготвен да му даде на Жозе Мурињо нови засилувања.

Мурињо не беше задоволен од летниот трансфер период, но според Гардијан, управата спрема зимски радости за Мурињо. Се вели дека Мурињо ќе добие 100 милиони фунти за засилување.

Парите што ќе ги добие, Мурињо ќе гледа паметно да ги потроши, но фокусот ќе биде дефанзивец, односно стопер што толку многу му недостига.

Освен еден стопер, Мурињо ќе погледне за купување на вистински голгетер, бидејки Лукаку во последно време не може ништо да погоди во дресот на Црвените Ѓаволи.

Се шпекулираа дека во одбраната може да дојде стоперот на Лестер и англискиот репрезентативец Хари Мегвајер, но во игра е и Французинот Рафаел Варан, кој игра за Реал Мадрид.

Што се однесува до напаѓачот, има неколку опции, меѓу нив се Хари Кејн и Мауро Икарди, но ќе видиме на крајот на кој ќе падне избор.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.