Мурињо откри луда приказна по победата над Реал Мадрид-Не знаев дека ни треба уште еден гол (ВИДЕО)

Бенфика со 4:2 го победи Реал Мадрид, па во последен момент се пласираше во плејофот на Лигата на шампионите, а „Кралевите“ со овој пораз испаднаа од ТОП 8 и останаа без директен пласман во осминафиналето. Херој на Бенфика е голманот Трубин кој постигна гол во 98-та минута, а практично тој гол ја однесе Бенфика во плејофот, на сметка на Марсеј поради гол разликата.
Мурињо по мечот откри луда приказна за она што се случувало синоќа.
„Кога ги заменив Антонио Силва и Ивановиќ, немав поим дали 3:2 ќе ни биде доволно. Само сакав да ги затворам приодите кон нашата мрежа и мислев дека тоа е доволно“, вели искрениот Мурињо, а потоа ја објаснува ситуацијата:
„Кога ми рекоа од клупата дека ни треба уште еден гол, искрено бев вознемирен. Размислував, зошто тоа не ми го кажавте неколку секунди порано“, истакнува Португалецот.
Тој вели дека потоа го пратил Николас Отаменди напред, а потоа и голманот, затоа што немаше што да изгуби.
„Го задржавме нашиот гордост, затоа што тоа е она што им го кажав на играчите пред натпреварот. Ако не се квалификуваме понатаму, мораме да победиме. Тоа беше гордоста која стоеше зад тој став. Би бил исто така среќен и да победевме, а да испадневме. Знаев дека Трубин може да постигне гол. Губевме од Порто пред неколку недели, а тој во последен момент замина таму и скоро постигна гол. Значи, знаеме дека е висок и способен за тоа. Квалитетот на центаршутот е, секако, најважната работа, но повторно, тоа е неверојатна ситуација за нашиот голман“, додава Португалецот.



