Мурињо повторно го посакува Перишиќ
Д М8 јан 2021

Жозе Мурињо не успеа да го донесе Иван Перишиќ во Манчестер Јунајтед, но ќе се обиде да го купи во Тотенхем.
Мурињо е некој кој особено го сака хрватскиот репрезентативец и го следи многу години. Сега, Португалецот ќе се обиде повторно да го донесе Перишиќ.
Мурињо верува дека Интер ќе го пушти Хрватот кој не доби доволно минути со Антонио Конте. Интер ќе побара одредена отштета која не е голема и нема да биде проблем Тотенхем да плати.
Инаку, Мурињо во Перишиќ гледа некој кој ќе биде конкурентен со Сонг Хеунг-мин на позицијата лево крило.
Кога сакаше да го донесе Перишиќ како тренер на Манчестер Јунајтед, Интер побара над 50 милиони евра, што беше премногу за „црвените ѓаволи“ во тоа време.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



