SportM
Фудбал

Мурињо тврди дека еден англиски играч одбил да шутира пенал

Д М13 јул 2021
Мурињо тврди дека еден англиски играч одбил да шутира пенал

Невремето во Англија не се смирува откако нивната репрезентација загуби на пенали од Италија во финалето на Европското првенство.

За поразот да биде уште поболен, Англија го доживеа на својот Вембли во Лондон пред своите 60 и неколку илјади навивачи.

Англиските трагичари се тројца млади играчи кои промашија пенали. Сепак, најтешко е за 18-годишниот Букају Саки, кој го промаши последниот пенал, односно Донарума одбрани.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо очигледно има некои информации внатре, па тој за „talkSport“ по натпреварот изјави:

„Се случи играчите, кои требаше да бидат таму и да шутираат пенал, избегаа од одговорност. Не ме прашувај за кој играч станува збор, бидејќи нема да ти го кажам името, но ми рекоа дека еден играч требаше да шутира и одбил. “Понекогаш се случуваат тие работи. Каде беше Рахим Стерлинг? Џон Стоунс? Лук Шо? Сака ја има судбината на нацијата на грб, па тоа е премногу. Кутриот Сака, жал ми е за него,“ рече Мурињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.