SportM
Фудбал

Мутињо: Македонија има силен тим, а тоа го докажа и против европскиот шампион

Д М26 мар 2022
Мутињо: Македонија има силен тим, а тоа го докажа и против европскиот шампион

Македонската фудбалска репрезентација е на чекор до пласман на на Светското првенство (СП) во Катар.

Последна пречка е репрезентацијата на Португалија, против која ќе играме во вторник во Порто.

Ѕвездата на португалската репрезентација Жоао Мутињо даде интервју за медиумите во кое кажа дека нема да биде воопшто лесно откако „црвено-жолтите“ ја изненадија Италија.

„Сите очекувавме да играме против Италија, нема да лажеме, но дури и против Македонија ќе биде тешко. Фудбалот е различен, сите тимови може да победат без разлика на нивните имиња, бројки, статистика и останато“, изјави Португалецот.

„Мора да го покажеме нашиот квалитет на теренот. Македонија има силен тим, а тоа го докажа и против европскиот шампион. Свесни сме за тоа што нè чека и не можеме да имаме голема самодоверба. Не смееме да ја потцениме Македонија, затоа што тие се бранат добро, имаат добра органзиација во играта и ги користат нивните шанси. Ќе биде тешко, но наша цел е да заиграме на Мундијалот“, вели Мутињо.

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски за натпреварот против Португалија ќе може да се потпре на одличниот Елиф Елмас кој поради суспензија не можеше да настапи против Италија.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.