Н’Голо Канте го напушта Челзи во спектакуларен трансфер?

Францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте би можел да го напушти лондонскиот Челзи во голем трансфер.
Одличниот 29-годишен играч од средниот ред е член на Челзи веќе четири години и се чини дека веќе има заситеност меѓу двете страни и сè повеќе се зборува за негово заминување.
Челзи наводно е подготвен да го продаде летово, а судејќи според шпанскиот АС, Канте би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Реал Мадрид.
„AS“ тврди дека Реал е подготвен за преговори со Челси и дека тие се подготвени да понудат дури 80 милиони евра за услугите на францускиот фудбалер.
Канте има одиграно 164 натпревари за Челзи во претходните четири сезони и освои три трофеи. Тој претходно настапуваше за Лестер, Каин и Булуњ.
Французинот се поврзуваше со Реал во претходните години, а ќе видиме дали конечно ќе се случи тој трансфер.



