На 14-годишна возраст со брод избега од Гамбија, на 18 со првиот гол во кариерата го урна Интер на „Сан Сиро“

Тимот на Болоња вчера победи против Интер на „Сан Сиро“.
Беше 2:1 за Болоња, а головите ги постигнаа Муса Џувара и Муса Бароу, со што се создаде одличен пресврт за нивниот тим.
Приказната за Муса Џувара е многу интересна. Имено, во 2016 година, на само 14 години, дошол со брод од Гамбија кон Италија како бегалец.
Тој започна да игра фудбал во локалниот клуб наречен Потенца, а потоа стигна до Болоња преку Виртус и Киево.
Своето деби за неговиот сегашен клуб го направи против Удинезе пред неколку месеци, но тоа беше во Купот. Тој го направи своето деби во лигата против Рома, а својот дебитантски гол го постигна вчера.
По само девет минути поминати на теренот, Џувара го постигна првиот гол во сениорскиот фудбал против Интер на „Сан Сиро“. Одличен почеток на кариерата, нели?



