SportM
Фудбал

На Анчелоти му пресуди очајната игра

Д М16 фев 2022
На Анчелоти му пресуди очајната игра

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти (62) нема да седне на клупата на Реал Мадрид.

Така барем тврди весникот Спорт, кој наведува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е незадоволен од начинот на кој игра тимот и не сака да гледа фудбал каков што игра Реал оваа сезона.

Наводно, Перез веќе одлучил дека Анчелоти нема да ја продолжи работата во клубот и би можел да го напушти тимот на крајот на оваа сезона, без разлика на резултатите што ќе ги постигне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Real Madrid C.F. (@realmadrid)

Перез е особено лут по синоќешниот натпревар против ПСЖ во Париз, кога Реал прикажа навистина очајна игра. Се бранеа 90 минути, но на крајот ПСЖ сосема заслужено дојде до победата по продолжение со голот на Килијан Мбапе.

Искусниот италијански тренер има договор за уште две сезони. Сепак, потрагата по помодерен тренер наводно веќе е започната, а тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино е главна цел доколку си замине од Париз на крајот на сезоната.

Исто така, Перез го обожава менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Сепак, германскиот тренер е обврзан со договор и тешко дека ќе си замине пред крајот на соработката со „црвените“ во јуни 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Real Madrid C.F. (@realmadrid)

Ова е втор мандат на Карло Анчелоти во Мадрид. Тој претходно го водеше клубот од 2013 до 2015 година, а минатата година пристигна како замена за Зинедин Зидан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.