На барање на МВР, а поради последните инциденти со палења на знамиња, мечевите од Првата лига без публика
Редакција2 дек 2024

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија испрати информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност за одлуката донесена по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со натпреварите од 17. коло и 18. коло во Прва МФЛ.
Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.
Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



