SportM
Фудбал

На „Енфилд“ сите се во неверување откако беше откриено колку време Ван Дајк ќе паузира

Д М17 окт 2020
На „Енфилд“ сите се во неверување откако беше откриено колку време Ван Дајк ќе паузира

Ливерпул денес постигна бод на „Гудисон Парк“ против Евертон, но сè остана во сенка на тешката повреда на Вирџил ван Дајк.

Стоперот на Ливерпул го повреди коленото во раните фази на мечот по судирот со домашниот голман Пикфорд.

Ван Дајк успеа да го напушти теренот без носилка и се чинеше дека можеби не станува збор за толку сериозна повреда, а сега пристигнаа и првите предвидувања и тие се навистина шокантни.

Имено, како што пренесува BeIN Sports, Ван Дајк ќе паузира 7-8 месеци, што значи дека сезоната е завршена за него.

Да не спомнуваме колку Ван Дајк е важен за „црвените“ и колку ќе им недостасува во сезоната што го брани трофејот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.