На легендата на Барселона не и е јасно како Лапорта тотално се предомислил за четири месеци

Барселона вечерва во Киев го игра натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите против Динамо.
Каталонците немаат право на грешка доколку сакаат да ја играат нокаут фазата од ова натпреварување, но јасно е дека во Киев нема да им биде така лесно.
Барселона вечерва од клупата ќе ја предводи Бархуан, кој беше избран за привремен тренер по отказот на Роналд Куман.
Но, Барса во наредните денови треба да добие нов тренер, а како што стојат работите тоа ќе биде Чави Ернандез. Тој ќе го напушти катарскиот Ал Сад и ќе се испроба како тренер на Барселона, што му беше главна цел.
Сепак, се чини дека не сите се задоволни од потезите на претседателот Лапорта. Затоа се огласи легендарниот играч на овој клуб Христо Стоичков кој изјави дека не му е јасно како Лапорта толку брзо се предомислува.
„Пред четири месеци Жоан Лапорта изјави дека Чави е „зелен“ и дека се уште не е подготвен да ја преземе клупата на Барселона. Сепак, Лапорта се предомисли за само четири месеци и верува дека Чави е најдобрата можна опција за Барса. Не разбирам како толку брзо се предомисли“, изјави Стоичков.



