На Ливерпул не му се допаѓа тревата во Париз

Ливерпул и Реал вечерва во Париз ќе го играат финалето на Лигата на шампионите, а „црвените“ имаат замерки за квалитетот на подлогата на стадионот во Сен Дени.
Јирген Клоп и неговите избраници истакнуваат дека тревата на некои места е сменета во последен момент и дека е јасно се забележува.
– Ја променија тревата, што не е сјајна вест. Можете да ги видите точно линиите, каде што поставија нов прамен трева. Мислам дека тоа воопшто не е добра идеја и сигурно ќе им пречи на играчите на двата тима – изјави Јирген Клоп.
Вицешампионот на Англија и шампионот на Шпанија ќе се бори за титулата најдобар во Европа, вторпат во последните четири години. Во финалето во 2018 година, Реал победи со 3-1.
🤔 The freshly laid pitch at the Stade de France
🔴 Liverpool players have been testing the roll and the bounce of the ball #UCL pic.twitter.com/ojseZfegjL
— Football Daily (@footballdaily) May 27, 2022



