SportM
Фудбал

На Маскерано му здосади во Кина, веќе договори нов трансфер

Д М2 окт 2018
На Маскерано му здосади во Кина, веќе договори нов трансфер

Хавиер Маскерано, поранешниот играч на Барселона според странските медиуми, не успеа најдобро да се снајде во Кина.

Аргентинскиот репрезентативец на почетокот на годината потпиша за Хебеј за кој досега играл 21 натпревар во кинеската Супер лига, но, наводно, животот во оваа земја не е соодветен за него.

Мундо Депортиво вели дека Маскерано веќе се согласил на трансфер во Ривар Плата, што треба да се случи на зима. Аргентинецот оствари разговори со лидерите на неговиот матичен клуб и по се изгледа дека нема да остане во Кина до истекот на неговиот договор кој важи до крајот на 2019 година.

Олеснителната околност за Маскерано е клаузула во договорот со кој тој има право да ја прекине соработката по сопствена иницијатива, што најверојатно ќе се случи.

Хавиер Маскерано (34) професионалниот фудбал го започна во Ривер Плата, во 2003 година. Подоцна играше за Коритиас, Вест Хем и Ливерпул, а во Барселона беше од 2010 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.