Connect with us

Фудбал

На Мегваер му пресуди фотографија од синоќа, Јунајтед покрај новиот менаџер доби и нов капитен

Хари Мегваер повеќе нема да биде капитен на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед беше тешко поразен на гостувањето кај Ватфорд во саботата (4:1), а неколку часа подоцна Оле Гунар Солскјер доби отказ. Клубот моментално работи на доведување на негова замена, а како кандидати се споменуваат Французите Зинедин Зидан и Лоран Блан, додека тимот привремено ќе го предводат поранешните играчи Мајкл Керик и Дарен Флечер.

Но, да се вратиме на Мегваер. Најскапиот дефанзивец во светот буквално се посрамоти од играта во одбраната и е еден од најголемите виновници за катастрофалната состојба на „црвените ѓаволи“, а во саботата вечерта и покрај се реши да се забавува навечер. Беше изневерен од фотографијата што на Инстаграм ја сподели еден од неговите пријатели.

Така, на поранешниот стопер на Лестер ќе му биде одземена капитенската лента, додека Кристијано Роналдо, кој летово се врати на Олд Трафорд по епизодите во Реал Мадрид и Јувентус, наводно во иднина ќе ја носи.

Јунајтед го чека тешко гостување кај Виљареал, а уште потежок со Челзи, а потоа и со Арсенал во Премиер лигата. Дотогаш клубот треба да назначи нов менаџер, но евидентно е дека овој тим тешко ќе излезе од кризата и дека ќе треба малку време за да се смират коцките.

 

Реклама

Facebook

Реклама