SportM
Фудбал

На Меси му се нуди бројот „10“ во Естудијантес по шпекулациите за заминување од Барса

Д М6 јул 2020
На Меси му се нуди бројот „10“ во Естудијантес по шпекулациите за заминување од Барса

Хуан Себастијан Верон го известил Лионел Меси дека бројот 10 го чека во Естудијантес ако сака, иако поранешниот аргентински играч од средниот ред не верува дека Лео ќе замине од Барселона.

Тој вели дека никој не знае што се случува во главата на Меси после многу, многу работи што се случија неодамна во Барселона.

Лео има договор со каталонскиот клуб до 2021 година и во Шпанија продолжуваат да растат гласините дека 33-годишниот фудбалер нема да го продолжи, што значи дека може да ја продолжи кариерата во друг тим.

Пораката на Верон до Фокс Спорт беше: „Ако сакате да дојдете овде [Естудијантес], го имате бројот „10“.“

Поранешниот играч од Интер, Челзи и Манчестер Јунајтед сега е претседател на Естудијантес.

Тој верува дека во фудбалот може да се случи сешто.

„Јас дури и не можам да го замислам надвор од Барселона, но ова се работи што ги кажуваме денес и утре можеме да го видиме како заминува и оди во друг клуб“.

„Реалноста е дека само тој има желба и волја и никој друг нема да одлучи за него“. 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.