На Нагелсман му се закануваат со смрт: „Разбирам се, но зошто ја мешате мајка ми?

Навивачите на Баерн Минхен се бесни поради испаѓањето на клубот од Лигата на шампионите против шпански Виљареал.
Откако баварскиот гигант беше исклучително лош на два меча, ништо друго не можеше да очекува од испаѓање, а навивачите се бесни поради тоа.
Тие упатија жестоки закани до спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и неговото семејство, а истото го доживеа и тренерот на клубот Јулијан Нагелсман.
Тренерот на баварскиот гигант објави дека добил повеќе од 450 пораки со закани со смрт.
„Добро се справувам со критиките, но не и со 450-те смртни закани што ги добив по натпреварот“, рече Нагелсман, додавајќи:
„Знам дека секогаш сум предмет на критики, но 450 закани се премногу. Едно е ако луѓето сакаат да ме убијат, но кога ќе го нападнат моето семејство, да речеме мајка ми која не гледа ни фудбал, тоа не го разбирам. Штом ќе го исклучат телевизорот, луѓето забораваат на секаква пристојност. Најлошото е што мислат дека се во право“, рече тренерот на Баерн.
Амбициите на Баерн во наредните години се големи. Ставот на Нагелсман е јасен – да се победи се.
“Сакам да бидам шампион, а следната година да бидам уште подобар. Ако некој ме сака, треба да го направи тоа затоа што сум Јулијан Нагелсман, а не затоа што сум тренер на Баерн. Исто е и со оние кои ме мразат Не треба да се докажувам никому освен себеси“, рече Нагелсман.
Баерн е прв во Бундеслигата и до крајот на сезоната е голем фаворит за освојување на титулата, но со оглед на формата во која се наоѓа шампионатот во Германија оваа сезона може да биде исклучително интересен.



