SportM
Фудбал

На Погба му подготвува вртоглава цифра која би ја нарушила атмосферата во соблекувалната

Д М13 апр 2022
На Погба му подготвува вртоглава цифра која би ја нарушила атмосферата во соблекувалната

Челниците на Манчестер Јунајтед подготвија потег кој може да предизвика земјотрес во соблекувалната.

Според пишувањата на медиумите на Островот, „црвените ѓаволи“ подготвуваат неделна плата од 480.000 евра за Пол Погба, се со цел да го задржат францускиот фудбалер на „Олд Трафорд“.

Можно е со текот на времето споменатата плата да се искачи на вртоглави 600.000 евра неделно.

Наводно оваа информација се проширила и кај останатите играчи на Јунајтед кои се незадоволни од ваквата одлука на управата на клубот, па атмосферата во соблекувалната не е баш најдобра, некои веќе најавија заминување од клубот доколку Погба ги има овие привилегии.

Пол Погба е на мета на неколку клубови и во Јунајтед прават се за да го задржат во своите редови, а дали постапуваат правилно со овој потег, тешко е да се каже, бидејќи евидентно е дека атмосферата во клубот би била дополнително вознемирувачка. Јунајтед и следната сезона ја доведува во прашање Европа, што би било уште еден удар за култниот англиски клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.