SportM
Фудбал

На повидок изненадувачки трансфер на Луис Суарез!

Д М19 апр 2022
На повидок изненадувачки трансфер на Луис Суарез!

Луис Суарез за неколку месеци ќе биде слободен играч, бидејќи неговиот договор со Атлетико Мадрид истекува на крајот на јуни.

И покрај тоа што има 35 години, Суарез се уште е на листата на најдобрите напаѓачи на денешницата и сигурно би бил засилување за повеќето клубови.

Легендарниот Уругваец ја одбележа ерата со своите одлични голови и мајстории, но впечаток е дека се ближи крајот на неговата кариера дека најдобрите тимови повеќе не го сакаат.

Суарез неодамна ја загуби стартната позиција во Атлетико Мадрид што е јасен знак дека можеби бара нов играч од средниот ред.

Според најавите од Англија, популарниот Ел Писторело би можел да се врати во Премиер лигата во сосема изненадувачки трансфер.

Имено, Суарез на маса има понуда од Астон Вила каде во тимот го посакува неговиот поранешен соиграч Стивен Џерард кој е тренер на оваа екипа.

Покрај Астон Вила, за уругвајскиот репрезентативец е заинтересиран и Интер Мајами од МЛС, но заминувањето во Астон Вила се чини е многу поверојатна опција.

Во ерата на „вонземјаните“ Лионел Меси и Кристијано Роналдо, Суарез двапати ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во Европа, што доволно говори за каков играч станува збор.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.