На ѕвездата од Формула 1 му го украдоа часовникот од 40.000 фунти во два потега додека го напушташе Вембли

Репрезентацијата на Англија беше поразена на „Вембли“ од Италија во финалето на Европското првенство во неделата.
Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 1:1, а во продолженијата не видовме голови. За новиот европски шампион дознавме по изведувањето пенали, каде Италијанците беа поуспешни и успеаја да стигнат до титулата.
Пред овој натпревар имаше неверојатна еуфорија во Англија, бидејќи многумина се надеваа дека оваа репрезентација може да стигне до трофејот на големо натпреварување, но на крајот тоа не се случи.
Англичаните имаа неверојатна поддршка на Вембли, а пред стадионот имаше неколку илјади навивачи кои се надеваа дека некако ќе можат да влезат на трибините, па дури и некои од нив се обидоа тоа да го сторат насилно.
Голем број на познати личности беа на трибините, а меѓу нив се најде и возачот на Формула 1, Ландо Норис, кој имаше можност да го следи финалето на Европското првенство од трибините.
Сепак, возачот на Мекларен нема да го памети добро натпреварот помеѓу Англија и Италија, кој на крајот го чинеше дури 40.000 фунти.
View this post on Instagram
Имено, Норис по завршувањето на натпреварот сакаше да излезе од трибините и налета на толпа бидејќи навивачите на Англија веќе го напуштаа стадионот. Додека одеше кон паркингот, немаше идеја што го чека.
Норис одеднаш се најде во голема толпа. Еден од обожавателите го фатил, а другиот му украл часовник од раката кој чинел дури 40.000 фунти. Станува збор за часовник Ричард Мил.
Англиските медиуми пишуваат дека возачот на Формула 1 бил многу вознемирен од она што се случило и не може да верува дека некој го ограбил пред стадионот каде што имало толку многу обезбедување и полиција.
Непознатите разбојници брзо се оддалечиле и „изгубиле“ во толпата, а Норис пријавил во полиција што се случило. Сепак, тешко дека ќе можат да ги пронајдат крадците кои ја искористија големата толпа за да го ограбат Норис.
Безбедноста на стадионот беше многу лоша во текот на целото финале бидејќи неколку стотици навивачи без билети успеаја да влезат на трибините. После натпреварот, пијаните Англичани предизвикаа големи проблеми пред стадионот.



