SportM
Фудбал

Надал: Ла Лига е завршена

Д М27 апр 2021
Надал: Ла Лига е завршена

Шпанскиот тенисер важи за еден од најжестоките навивачи на Реал Мадрид меѓу јавните личности, што честопати го докажува.

Шпанскиот тенисер оваа недела освои нова АТП титула во Барселона откако во финалето го победи Гркот Стефанос Циципас по три часа и 38 минути со 6:4, 6:7 (6), 7:5.

Тоа беше негова 87-ма титула во кариерата на АТП, 12-та на овој турнир во Барселона, но и прва годинава. За време на споменатиот натпревар, камерите фатија интересен детал помеѓу Шпанецот и мароканскиот судија Мохамед Лахјани. Темата не беше тенис, туку фудбал.

Мароканецот му се обрати на Рафи коментирајќи го нерешениот резултат на Реал Мадрид со Бетис во саботата (0:0) и го праша дали е голема грешка. Надал се смееше на тоа, испи голтка вода и кратко рече: „Ла Лига е завршена“.

Нивниот разговор не запре тука. Судијата од Мароко му рече на Надал дека клубот треба да донесе нов напаѓач, на што тој одговори: „И не само напаѓачи“.

Реал Мадрид во моментов е второпласиран тим на табелата во шпанската Ла Лига со 71 бод, ист колку и третопласираната Барселона. Атлетико е лидер со 73, но вреди да се напомене дека кралевите и јорганџиите одиграа по 33 натпревари, а каталонците 32 кои чуваат сè во свои раце.

Доколку не ја освојат титулата во Шпанија, Кралевите ќе имаат можност да ја подобрат сезоната со освојување на Лигата на шампионите. Екипата на Зинедин Зидан вечерва го пречекува Челзи на домашен терен во првиот натпревар од полуфиналето на ова натпреварување.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.