Нагелсман има револуционерна идеја: Микрофони на играчите на теренот за да им ја олеснат работата на тренерите

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман има навистина интересен начин на размислување кога станува збор за фудбалскиот напредок.
Младиот стручњак би сакал да воведе микрофони меѓу фудбалерите за тренерите да можат да комуницираат со играчите на теренот во секое време.
Тој верува дека американскиот фудбал (НФЛ) е нешто што треба да се мери во иднина, бидејќи тренерите имаат многу поголемо влијание врз играта во споредба со овој фудбал.
View this post on Instagram
„Фудбалот е се уште исклучително традиционална игра, додека американскиот фудбал е неверојатно напреднат“, ја започна приказната тренерот на Баерн и продолжи:
“Квотербек може да добие совет од тренерот на теренот и тоа е нешто што ни треба. Идеално, играчите треба да носат микрофони за да можат да разговараат со тренерот”, рече Нагелсман, објаснувајќи зошто мисли така:
“Бучавата на стадионот е огромна. Нема прекини за време на натпреварот и тренерите можат само да разговараат за тактика со играчите на полувреме”, истакна Нагелсман.
Нагелсман очигледно сака технологијата да се вклучи уште повеќе во фудбалот, но малку е нереално да се очекува дека во иднина „бубици“ би можеле да се користат на фудбалските терени.



