SportM
Фудбал

Нагелсман најде замена за Левандовски, навивачите на Баерн не знаат што да мислат за тоа

Д М10 сеп 2021
Нагелсман најде замена за Левандовски, навивачите на Баерн не знаат што да мислат за тоа

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман има идеја повторно да работи со Тимо Вернер.

Двајцата работеа доста успешно заедно во РБ Лајпциг и сега се покажа дека перспективниот тренер сака да го донесе 25-годишниот фудбалер во Баерн за да го замени Роберт Левандовски следното лето.

Германскиот портал Спорт1 тврди дека шансите се дури 70 проценти напаѓачот на Челзи да го носи дресот на германскиот шампион од следното лето.

Најдобрите години на Вернер во неговата кариера поминаа во Лајпциг со Нагелсман. Потоа, во четири сезони, постигна 95 голови на 159 натпревари. Сепак, тој не се прослави откако замина во Челзи минатото лето.

Во својата прва сезона на Стемфорд Бриџ, постигна само 12 гола во сите натпреварувања, од кои само шест во Премиер лигата.

Сепак, Нагелсман верува дека може да го врати Вернер во врвна форма доколку успее да го доведе на „Алијанц арена“. Тие двајца беа во постојан контакт во последните месеци и таков трансфер не изгледа невозможен. Тој гледа на напаѓачот како идеална замена за ветеранот Роберт Левандовски, кој во летото рече дека сака нов предизвик.

Исто така, се очекува Челзи да не создаде големи пречки доколку добие понуда од Баерн. Клубот веќе се засили со Ромелу Лукаку, од кого се очекува да одигра голема улога во нападот оваа сезона, па неизвесно е колку Вернер ќе добие на теренот. Така, Челзи со задоволство ќе врати барем дел од вложените 45 милиони фунти во напаѓачот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.